Во фудбалската Лига на шампионите Барселона е фаворит во финалето против Јувентус.

lepi

Сепак, тоа не значи дека италијанскиот тим нема шанси против каталонците во Берлин. Поранешниот тренер на „Старата Дама” Марчело Липи, вели дека Јувентус има реални шанси да го повтори успехот на Италија од 2006 година. „Мора да признаете дека има многу сличности меѓу денешниот Јувентус и тогашниот состав на Италија. Се надевам дека и исходот ќе биде идентичен. Јуве против Реал докажа дека е силен и има шампионска крв. Сега се уште посамоуверени нешто што го видовме и на натпреварите против Атлетико Мадрид во групата и против Борусија Дортмунд во четвртфиналето. Алегри ќе ја заврши работата што ја започна Конте пред неколку години.“ – вели Марчело Липи. Јувентус последен пат играше во финалето во далечната 2003 година кога загуби од вечниот ривал Милан по изведувањето на пеналите.

Слични содржини