Рускиот премиер Дмитриј Медведев предупреди- никој да не започнува копнена операција во Сирија, бидејќи тоа ќе доведе до уште една војна во светот, која може да се влече со години, па дури и со децении.

dmitry-medvedev

Во интервју за германскиот весник “Ханделсблат” тој вели дека “сите копнени операции по правило водат до тоа дека војната станува перманентна. Погледнете што се случи во Авганистан, во голем број други земји. За несреќната Либија дури и нема да зборувам”, изјави Медведев .

(ВИДЕО) Светските сили договорија прекин на огнот во Сирија

“Американците и нашите арапски партнери треба да се замислат добро: Сакате перманентна војна?”, додава тој.

Според него е невозможно таква војна да биде добиена брзо “, особено во арапскиот свет каде што секој војува против секого”.

Слични содржини