Мексико Бројот на жртвите од разорниот земјотрес порасна на 325

од desk3
94 прегледи

Бројот на жртвите на разорниот земјотрес кој минатата недела го погоди Мексико порасна на 325, соопшти шефот на цивилната служба Луис Филипе Пеунте.

Тој на својот Твитер објави дека од тој број 186 жртви се во Мексико сити, 74 во сојузната држава Морелос, 45 воПуебло, 13 во дрѓавата Мексико, шест во државата Гереро и една во Оаксаки, пренесува АП.

Истовремно, власите соопшѓтија дека околу 360 згради и куќи се во опасост од рушење или дека се многу оштетени. Властите соопштија дека исчистиле 103 од 9.000 училишќта и тие мора да се отворат, како и дека ќе треба две до три недели за сите повторно да бидат безбедни. Спасувачките екипи и понатаму се на терен и бараат преживеани.

 

Слични содржини