Претседателот на ДПА Мендух Тачи денеска се сретна со евроамбасадорот Самуел Жбогар.  

На средбата, како што соопштија од партијата, се разговарало за теми во врска со актуелната политичка ситуација, како и за неопходните реформи кои што Македонија мора да ги спроведе на патот кон евро-атланските интеграции.

Тачи го информирал Жбогар за ставовите на ДПА околу политичката ситуација во земјата, како и за погледите на партијата за решавање на внатрешните проблеми и за деблокирањето на интеграциските процеси, истакнувајќи дека единствен начин за напредок во решавањето на овие прашања е во продолжувањето на политичкиот дијалог со посредство на меѓународната заедница.

Претседателот на ДПА констатирал дека главните проблеми на Македонија се интеграциските процесите поврзани и со прашањето за името, правата на Албанците, како и функционирањето на институциите. Затоа, истакнал тој, ДПА, како опозициска партија ќе делува конструктивно и ќе ги поддржи сите институционални инициативи во врска со унапредувањето на правата на Албанците, сериозни реформи, и деблокирањето на итеграциските процеси.

Тој оценил дека се наоѓаме во многу важни моменти за земјата и регионот, и дека новоизбраната влада треба сериозно да се посвети на своите ветувања во врска со системските реформи и интеграциските процеси.

Соговорниците се согласиле дека продолжувањето на политичкиот дијалог е од особено значење, особено за земјите аспиранти, и дека ќе влијае врз правилното адресирање на темите поврзани со реформите, при што сите политички партии треба да го поднесат својот дел од додговорноста, и да помогнат кон придвижување на процесите напред кон интеграција во НАТО и ЕУ.

Слични содржини