Неколку стотици економски мигранти ја повикаа германската канцеларка Ангела Меркел да ги натера властите во Скопје да ја отворат македонско-грчката граница. Ова стана јасно од видео репортажа на списанието. “Шпигел” снимен на грчко-македонската граница.
Мигрантите скандираат: “Меркел отвори границата”. Еден од нив раскажа дека е од Мароко и е убеден дека во Европската унија ќе добие азил. “Сакам да ја видам Германија. Мојата земја Мароко е убава, но таму нема работа за мене”, рече уште младичот. Според него “најстрашната пат бил во морето меѓу Турција и Грција, каде патувал 4 часа на отворено море со брод”.
Официјално Македонија веќе две недели не дозволуваат економски мигранти на своја територија, кои доаѓаат од Грција а ги пропуштаат само мигранти од Сирија, Ирак и Авганистан.
Мигрантите сакаат Меркел да ја отвори границата. Сепак од 28-ми ноември македонската армија започна изградбата на ограда долж границата со Грција. Неколку километри од 3-метарската ограда веќе е целосно изграден околу граничниот премин во Гевгелија. Денес неколку десетици мигранти се обидоа да влезат во оградата, но многу брзо беа вратени назад на грчка територија, пренесуваат светските медиуми.