Никола Груевски го остави сам министерот за финансии Кирил Миноски да го брани неодбранивото, финансиско злосторство со еврообврзницата и ребалансот на Буџетот.

сдсм

Миноски му требаше на Груевски само за да стави потпис на незаконското задолжување на граѓаните од 450 милиони евра. Затоа е оставен сам и во собраниските клупи и по медиумите.

Сите послушници на Груевски нека извлечат поука од ова што им го прави Никола Груевски на своите соработници.

СДСМ за незаконското издавање на еврообврзницата во текот на денешниот ден ќе ги поднесе првите кривични пријави.

Министерот за финансии Кирил Миноски и неговата заменичка Билјана Бришковска, со сервилноста кон нивниот наредбодавач Никола Груевски ја злоупотребиле службената положба на штета на граѓаните на Република Македонија.

Еврообврзницата од 450 милиони евра е издадена без правно мислење од министерот за правда.

Еврообврзницата од 450 милиони евра е издадена во момент кога во Буџетот на државата, во ставката странски заеми се планирани вкупно 370 милиони евра за цела 2016 година. И денес во Буџетот, ставката странски задолжувања е 370 милиони евра!

За ова финансиско злосторство нема да има амнестирани. Сите инволвирани ќе одговараат, се вели во денешното соопштение на СДСМ

 

 

Слични содржини