На крајбрежјето на францускиот остров Реунион беше отнајдена врата на авион на “Боинг” 777, пренесува Sky News. Иако фрагментот е пронајден на различна локација од првата остатоци испратени за анализа во Франција, се претпоставува дека вратата може да е од исчезнатиот авион на малезиската авиокомпанија. Остатоците, кои беа откриени во последните неколку дена, даваат надеж за откривање на судбината на лет MH370.Во Претходно овој месец британскиот весник “Телеграф” изјави дека жител на истиот остров Реунион нашол на брегот на морето “фотелја, можно е да е од автобус” Откако се појави веста за делови од авионот, истиот чоек помислил дека фотелјата може и да е од авион.
Потсетуваме дека авионот на малезиската авиокомпанија “Боинг” 777, летал помеѓу Куала Лумпур и Пекинг исчезна од радарите во ноќта на 7 против 8 март 2014 година На одборот на машината се наоѓаа 227 патници и 12 члена на екипажот. По истрагата,која траеше неколку месеци, на крајот на јануари оваа година властите во јужноазиското држава признаа дека авионот претрпел несреќа, а сите патниците кои патувале во него, загинале.