Доаѓањето на специјален севернокорејски воз во Пекинг со невообичаени силни мерки за безбедност ги поттикна шпекуалциите дека во него е Ким Јонг Ун.

Лидерот на Северна Кореја планира, како што беше најавено, состаноци со претседателот на Јужна Кореја и со претседателот на САД до крај на мај. Иако не е најавен состанок со кинееските власти, Кина е еден од значајните сојузници на Северна Кореја иако односите им се нарушени од развојот на нукеалрно и балистичко оружје на Пјонгјанг.

Доколку официјално биде потврдено, тоа ќе биде прва посета на ким Јонг Ун во странство од неговото доаѓање на власт во 2011 година кога ја наследи функцијата од татко му Ким Јонг Ил.

Агенцијата франс прес пренесе дека Министерството за надворешни работи на Кина нема информации за доаѓањето на лидерот на Севррна Кореја, додека веста за доаѓањето на специјалниот воз на властие им ја пренесе јапонската агенција Кјодо.

Јапонската телевизија NNN прикажа снимки од возот кој личи на возот што го користеше Ким Јонг Ил на железничката станица во Пекинг.

Очевидци наведуваат дека на станицата има невообичаено голем број кинески сили за безбедност и дека е зајакнато полициското присуство пред дипломатскските резиденции каде покојниот севернокорејски лидет отседнуваше при посетите на Пекинг.

Белата куќа соопшти дека не знае ништо за посетата на ким, додека јужнокорејсата влада која обично е известена за случувањата на северот, наведе дека внимателно ја следи ситуацијата.

Слични содржини