Митинг на ВМРО за Македонија во Струмица

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Коалицијата ВМРО за Македонија вечерва одржа митинг во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.

timthumb

Претседателот на ВМРО НП Љубчо Георгиевски рече дека не го разбира, како што посочи, стравот на двете најголеми партии на политичката сцена од Коалицијата ВМРО за Македонија.

– И едните и другите бараат 62 пратеници за стабилна Влада. Мојот став е дека ние после овие избори треба да имаме нестабилна Влада за да имаме стабилна држава. Не смее никој повеќе да има апсолутна власт. Нашите пратеници во Парламентот ќе бидат за баланс, ќе бидат гарант за да нема реваншизам кон нашите или ваши фирми, рече Георгиевски.

Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски рече дека нивното враќање на македонската политичка сцена има само една цел – да се врати ВМРО на вмровците и Македонија на Македонците.

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов најави дека прва работа што ќе ја направат во Собранието ќе биде иницијативата за итен попис на населението.

– Во Собранието во кое ќе имаме најмалку 15 пратеници ќе поведеме иницијатива за итен попис на населението, рече Ангелов, додавајќи дека ќе изградат граѓанска држава во која сите ќе бидат еднакви пред Уставот и законите.

Од Коалицијата ВМРО за Македонија, меѓу другите мерки, најавија формирање прв студентски град, промоција на студентска картичка со попусти и поволности, изградба на интермодален транспорт преку автопатско и железничко поврзување на градовите од регионот на изборната единица 4, како на пример Струмица, Кавадарци, Прилеп со државите од ЕУ.

На митингот зборуваа носителите на кандидатски листи од сите изборни единици.

Слични содржини