Жозе Мурињо изјави дека раководството на Челзи може да го разреши, но тој самиот нема да си поднесе оставка. Челзи загуби со 3: 1 од Саутхмптон во саботниот натпревар.

4437054

По осум кола  важечкиот  шампион има осум бода , што е најлош резултат во историјата на клубот од сезоната 1978/79 година и во моментов лондончаните го  заземаат 16-то место на табелата. “Ако раководството сака да ме разреши може , бидејќи јас сам нема да си заминам. Ќе ни биде многу тешко да станеме шампиони, бидејќи разликата со другите е многу голема, но сигурен сум дека ќе завршиме во првата четворка. Ова е историски момент за клубот, но ако одлучат да ме отпуштат ќе го отпуштат најдобриот менаџер во историјата на Челзи “, рече Мурињо.

Слични содржини