Околу 300 до 400 мигранти денеска од грчка страна се обиделе да стигнат до крајот на оградата по граничната линија меѓу Македонија и Грција, соопшти МВР. Мигрантите сакале илегално да ја преминат границата кон Македонија, но биле спречени од полициските службеници и вратени на грчката страна.

Migranti-izbeglice-granica-Grcka-Makedonija-8

За да ја разбие толпата на мигранти, еден полицаец испукал и во воздух како предупредување, објави Ројтерс.Migranti-izbeglice-granica-Grcka-Makedonija-9

Околу 1 500 мигранти со денови се заглавени на македонско-грчката граница, откако Македонија одлучи да ги прима само бегалците кои доаѓаа од воени жаришта во Ирак, Сирија и Авганистан.

Migranti-izbeglice-granica-Grcka-Makedonija-7

Мигрантите се револтирани и протестираат против одлуката на дел од земјите во Европската Унија за селекција на  влезот на мигранти.

Слични содржини