Инспекторите  во авионската несреќа во француските Алпи пронашле видеозапис кој ги документира последните секунди пред падот на авионот, соопшти  Bild.

let-lubic-660x343

Видеото е направено од задниот дел на авионот и ги документира последните неколку секунди пред падот на авионот. Се гледа хаосот во авионот , но не можат да се разликуваат одделни луѓе. Исто така не е јасно и кој снима  – дали е патник, или член на екипажот. На крајот на видеото се гледа дека авионот силно се тресе ,  се слушаат пискотиници и има хаос.

Авионот А320 на Germanwings, сестринска фирма на Lufthansa, на пат од Барселона за Дизелдорф, 24 март се урна во оддалечена област на Алпите во југоисточниот дел на Франција. Во несреќата загинаа 150 лица.

Снимката од едната од “црните кутии” покажува дека несреќата е резултат на намерни дејствија  на вториот пилот – Германецот Андреас Лубиц, кој не му дозволил на капетанот кој за момент излегол од  кабината потоа да влезе, ја заклучил и го урнал авионот.

Слични содржини