Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, но ќе бидат со слаб до умерен интензитет и повеќе ќе бидат застапени во југозападниот дел на земјава.

јсп

Утринската температура ќе се движи од 13 до 17, а дневната од 23 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и потопло со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 6.

Утре кон крајот на денот и в петок нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, од која се очекуваат обилни врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови и за невреме.

Слични содржини