Недопиено шише алкохол пронајдено до телото на Честер Бенингтон

од Vladimir Zorba

Недопиено шише алкохол било пронајдено во собата каде што починал пејачот на рок групата Linkin Park Честер Бенингтон. Нема извештаи за пронајдена дрога, пишува  изданието TMZ. Според медиумот Бенингтон не оставил претсмртно писмо во кое ќе ги наведе причините за самоубиство. Извори потврдуваат дека музичарот си го одзел животот со тоа што се обесил на вратата на спалната соба во куќа за изнајмување, користејќи појас.

Овие околности личат на самоубиството на пријателот на Бенингтон – фронтменот на Soundgarden Крис Корнел, кој исто така беше пронајден обесен во хотелот во Детроит на 17 мај.

Фронтменот на Linkin Park си го одзел животот во средата, на роденденот на Корнел, кој требаше да наполни 53 години. Бенингтон е кум на 11-годишниот син на Корнел. Според информација на медиумите Бенингтон со години е употребувал дрога и алкохол. Тој е татко на шест деца од два брака.

Слични содржини