Нема минусни температури, период на стабилно и суво време

од Vladimir Zorba
80 прегледи

 сонце лисја

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ   1 Берово, 3 Битола, 4 Скопје Пет., 5 Струмица, Лазарополе, Д. Капија, Прилеп, Тетово, 6 Маврово, Дебар, Охрид, 7 Претор, Кр. Паланка, 8 Штип, 9 Крушево, Кавадарци, Скопје, 10 Пожаране, Пожар, Виница, Куманово, 12 Гевгелија, Ѓуриште, 14 Дојран.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС  Сончево и потопло, со температури над просекот за овој период од годинава и  со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ   Сончево и потопло, со температури над просекот за овој период од годинава и  со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ   Претежно сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од северен правец. По одделни котлини со услови за слаба утринска магла.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ   Продолжува периодот на стабилно и суво време. По одделни котлини ќе има услови за слаба утринска магла.  До петок под влијание на релативно топла воздушна маса дневните температури на воздухот ќе бидат во благ пораст, а за време на викендот ќе опаѓаат.

Слични содржини