Министерот за финансии на Непал Рам Шаран Махал рече дека ќе бидат потребни најмалку 2 милијарди долари за повторното градење и реконструкција на куќи, болници, владини згради, историски градби и повика на помош од странски донатори, објави Ројтерс.

2110412674

“Ова е само прелиминарна проценка и ќе биде потребно време да се проценат целосните штета и да се пресмета цената на реконструкцијата “, рече тој за Ројтерс.

Многу Непалците спијат на отворено по саботниот земјотрес со интензитет од 7,8 степени во кој загинаа над 6200 луѓе.

Според ОН 600 000 куќи биле уништени или оштетени, 8 милиони луѓе се погодени од кои два милиони ќе имаат потреба од шатори, вода, храна и лекови во наредните три месеци.

Извор од непалски Министерство за внатрешни работи соопшти дека загинатите од катастрофата се 6204, а повредените 13 924.

Слични содржини