Загубите за економијата на Непал како последица на катастрофалниот земјотрес можат да достигнат 5 милијарди долара или околу 20 отсто од БДП на оваа мала држава. Тоа го соопшти CNN, повикувајќи се на истражување на аналитическа компанија.

0357800001430133981_469922_600x458_actualno

Разурнувањата се толку големи, поради нискиот квалитет на градежништвото во земјата и тоа сигурно ќе има потреба од меѓународна помош. Геолошката служба на САД ја одредува големината на нанесените материјални штети помеѓу 1 и 10 милијарди долари.

Во меѓувреме медицинските власти во Непал изјавија дека стравуваат од можноста во земјата да избувнат епидемии. Во болниците нема доволно места, а водата за пиење и храната не се доволно за илјадниците сиромашни луѓе.

“Луѓето лежат на земјата, а до нив има отпад. Тие немаат пристап до медицински маски и тоа може да доведе до заразни болести. “, вели еден локален лекар.

Слични содржини