Обиколница околу Скопје утре отворена за сообраќај

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Поради најавите за дожд обиколницата околу Скопје утре повторно ќе биде отворена за сообраќај, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

патт

Оттаму посочуваат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини на македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Слични содржини