Облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температурата ќе биде во интервал од 9 до 13 степени. 

доздови

Во Скопје:  Претежно облачно со врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см) ИЗМЕРЕНА ВО 07 часот:  43 Маврови Анови.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа  (во л/м2):   23 Гевгелија, 13 Дојран, 12 Крушево, 10 Битола, 9 Штип, 7 Кр. Паланка, 7 Маврово, 6 Берово,

6 Струмица, 6 Виница, 6 Пожаране, 5 Тополчани, 5 Скопје Пет., 4 Лазарополе, 4 Д. Капија,

4 Претор, Куманово, 3 Виница, 2 Скопје З. Рид, 2 Прилеп, 2 Пожар, 1 Охрид и Дебар.

 

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ:

1 Маврово, 2 Лазарополе, 4 Крушево, 6 Берово, Пожаране, 7 Прилеп, Тетово, Кр. Паланка, 8 Виница, Дебар, Битола, Охрид, 9 Штип, Скопје, Струмица, Куманово, Скопје Пет., 10 Гевгелија, Кавадарци, Д. Капија.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:

 И во сабота, особено претпладне ќе се задржи претежно облачно време со врнежи од дожд. Од пладне врнежите ќе престануваат. Вкупните количества на воден талог во западните и југоисточните делови од земјата ќе надминуваат и 30 л/м2. Во недела времето ќе биде променливо облачно. До понеделник утринските температури ќе опаѓаат, а дневните ќе бидат се повисоки, па во средината на работната недела на југоистокот на земјата температурата ќе достигнува и до 20 степени.

 

Слични содржини