Променливо облачно со повремен локален дожд. Кон крајот на денот врнежи ќе има на повеќе места, а пообилни ќе бидат во вечерните и ноќните часови. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи, особено во јужните делови.Ќе дува слаб, вдолж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температурата ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.

 Во Скопје: Променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремен дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.  Максималната температура ќе достигне до 16 степени.

 дождливо

 

 ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см) ИЗМЕРЕНА ВО 07 часот:  47 Маврови Анови, 2 Лазарополе.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа  (во л/м2):  16 Пожаране, 10 Маврово, 9 Тетово, Претор, Крушево, Лазарополе, 8 Гевгелија, 7 Дојран, 5 Битола, Тополчани, Ѓуриште, 4 Штип, Прилеп, 3 Куманово, Пожар, 2 Охрид,  Берово, К. Паланка, 1 Скопје, Струмица, Кавадарци.

 

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ:  1 Маврово, 2 Крушево, Лазарополе, 4 Берово, 5 Охрид, Претор, Д. Капија, Кавадарци, 6 Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Штип, Куманово, Тетово, К. Паланка, 7 Скопје-З.Рид, Виница, 8 Струмица, Дојран, 9 Гевгелија.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:

 До сабота ќе се задржи претежно облачно време со врнежи од дожд. Пообилни врнежи (околу 30 л/м2) ќе има од денес вечер до утре околу пладне, кога локално ќе бидат со пороен карактер, проследени со грмежи, особено на југ. Ќе дува умерен, повремено и засилен југоисточен, а во сабота северен ветер.Утре можна е локална појава на обоен дожд, поради присуство на песок и прашина, кои се транспортираат деновиве од Африка..

 

Слични содржини