Собраниската Комисија за надворешна политика не ја одржа денешната седница. Одложување побара Артан Груби од ДУИ откако реагираше дека материјалите на албански јазик не биле доставени навреме.

SOBRANIE-109-

Груби, како што рече, преводите за дневниот ред ги добил вчера, а не пет дена пред одржувањето на седницата како што е предвидено со Деловникот.

На седницата не присуствуваше министерот за надворешни работи Никола Попоски кој требаше да има експозе. Како што информира потпретседателката на Комисијата Светлана Карапетрова од ВМРО-ДПМНЕ, Попоски беше отсутен  поради службени обврски.

На дневен ред на седницата, покрај излагањето на Попоски, беше и Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу македонската Влада и Владата на Кралството Данска за поттикнување и заемна заштита на инвестиции.

Седницата, рече Карапетрова, ќе биде дополнително закажана откако ќе бидат обезбедени услови за нејзино одржување.

Слични содржини