Обединети за Македонија го поздравуваат изборот на Катица Јанева за Специјален јавен обвинител.
„Изразуваме голема надеж дека со денешната нејзина свечена изјава ќе се отвори нова страница во македонската историја и дека конечно ќе профункционира правната држава.
Цврсто сме убедени дека нема да потклекне на ниту еден притисок, ако се земе предвид опкружувањето во кое ќе работи.
Најискрено очекуваме обвиненија против најголемите виновници кои не доведоа до овој степен, со посредници да го средуваме правниот систем во дрзавата. Тоа е долг и тежок процес, кој ние го поддржуваме.
Очекуваме и процесот со нашиот лидер Љубе Бошковски да биде повторно разгледан, со оглед на фактот дека се работи за политички монтиран случај и тема која е во повеќе наврати спомнувана во т.н. бомби за вистината.