Николовски: Владините кошнички не даваат резултат, да се укине ДДВ за храна, односно да се намали од 5 на 0 проценти

од Milan1
16 прегледи

Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати апел до Владата да го прифати предлогот на СДСМ, ДДВ за основните прехранбени производи, да се укине, односно да се намали од 5 на 0 проценти.

Владините политики со кошнички за наводно пониски цени на основните прехранбени производи, дожевеаа дебакл. Тоа и вие го признавте, иако вината се обидовте да ја префлите на трговците сакајќи да побегнете од одговорноста затоа што вие им го овозможивте тоа, да профитираат на грбот на народот. Наместо пониски цени, граѓаните сега пред новогодишните празници се соочија со повиски цени, нагласи Николовски, во прашањето упатено до заменик министерот за економија Марјан Ристески.

Николовски нагласи дека минималната кошничка само за храна покажа зголемување за 390 денари.

Цените за храна не биле намалени. Политиките за кошничка не дадоа резултат. Апелираме да се прифати предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ за храната, нека биде на предлог на владата но да се донсесе во интерес на граѓаните, истакна пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски.

Слични содржини