– Да, ова е условена препорака и ЕК повторно ќе ја разгледа по изборите, но развојот на настантие зависи од вас, рече Евроамбасадорот  Аиво Орав, при презентацијата на извештајот во Скопје., кој лично му го предаде на премиерот Никола Груевскиaivo_orav-1_1

Тој потенцира дека овој извештај дава можности да се види како да се постапува понатаму, а тоа значи, рече, целосна имплементација на договорот од јуни и јули, подготвување на совршени избори и нивно спроведување, како и целосна имплементација на идните реформски приоритети во сферата на слободата на медиумите, владење на правото и реформи на јавната администрација.

Запрашан за Извештајот, евроамбасадорот Орав потенцира дека овогодинешниот неможе да се спореди со претходните извештаи бидејќи ЕК применила нова методологија, но целта е ЕК да им помогне на сите земји кандидати.

– Доколку имам добар пријател тој не треба да ми кажува колку сум добар туку каде не постапувам како што треба, а тоа го прави и ЕК. Ве молам искористете ги критиките колку што е можно попозитивно, спроведете ги препораките и ќе видите дека чуда се можни, порача евроамбасадорот Орав.

Инаку Македонија, во оценувањето од Европсксата Комисија  во многу работи бележи назадувања како што се владење на правото, корупцијата,  слободата на медиумите, судството, човековите права, и единствен сектор како стабилност се економските парамтери, но предупреди за селективноста во бизнис климата  и дека нивото на јавниот долг кој  значителносе зголемува  во последните неколку години, и предизвикува загриженост поради транспарентноста. Овојпат во оценувањето назадувањата ја влечат кон оценката двојка, вреднувано од 1 до5.

Слични содржини