
По две и пол години од почетокот на градежните работи, хотелот „Ибис“ во центарот на Скопје е спремен да ги прими своите први гости. На веб – страницата на овој меѓународен ланец на хотели веќе е впишан нивниот објект во македонската метропола, од каде што може и да се резервира соба.
Спаѓа во категоријата на хотели со четири ѕвезди и во негов состав има 110 соби. Сместувачкиот капацитет обезбедува и соби за лица со инвалидитет, со решен пристап во зданието. Хотелот располага со фитнес центар и базен, а има и сопствен паркинг за велосипеди, како и можност за нивно изнајмување од посетителите.