„Страст” („Lussuria“) е наслов на новата книга на експертот на париски „Експрес“ за Ватикан, Емилијано Фитипалди. Темата на книгата е најлошиот смртен грев, место на случување е Ватикан, а продажниот успех загарантиран.

Една од клучните тези на Фитипалди е дека папата Франциско не направил доволно или речиси ништо, за да ја искорени педофилијата од Католичката црква, дури и се опкружил со оние кои ја кријат педофолијата. Меѓу деветте кардинали кои го сочинуваат неговиот Кардиналски совет за реформи на Куријата, барем четворица се тешки грешници кои криеле педофилија, тврди Фитипалди.

Четворицата кардинали кои не ги пријавиле сериските силувачи и кои настојувале да ја одбранат црковната каса од барања за отштета „се искачија на врвот на хиерархиската скала на Светата Столица”, тврди Фитипалди.

Накусо – благодарение на избраните формулации, произлегува дека заштитата на педофилите е единствен сигурен начин за напредување во ватиканските врвови и во милост на папата Франциско.

Нови напасници

Фитипалди наведува дека до Конгрегацијата за верските науки (орган надлежен и за педофилија) во периодот од 2013 до 2015 година имало околу 1.200 пријави на „потенцијални” силувачи т.е. напасници на малолетници (не само педофилија, туку и на постари малолетници, од кои некои се на возраст за легален полов однос, но тоа не ја намалува тежината на силувањата или на делата на силување). Тоа е двојно поголем број од 2005-2009, од што Фитипалди заклучува дека „ракот се уште не е искоренет”.

На прво место Фитипалди го става кардиналот Џорџ Пел, кого папата го донесе од Сиднеј да ги среди ватиканските финансии и да ги направи прегледни, што се обидувапе уште Бенедикт Шеснаесетти.

Фитипалди наведува познати податоци и не ги прифаќа здраво за готово обвиненијата против Пел, но инсистира на општ впечаток дека Пел го намалувал значењето на педофилските скандали кога избивале на видело и инсистира на други работи за да го сврти вниманието од нив.

На тапет е и членот на Кардиналскиот совет Франциско Еразуриз кој како надбискуп во Сантјаго де Чиле не поверувал во обвиненијата против Фернандо Карадим.

Општествена внимателност

Клучниот член на Кардиналскиот совет, неговиот координатор Оскар Родригез Марадиага, исто така е на листата на Фитипалди. Како надбискуп во главниот град на Хондурас, му дал засолниште на Енрике Васкез, кој бегал од четири земји пред обвиненија за педофилија и кого го бркале ФБИ и Интерпол.

Фитипалди му ја става на душа посебно изјавата изречена во Рим пред да биде Васкез под негова заштита.

– Подготвен сум попрво да одам во затвор отколку да наштетам на некои од моите свештеници, изјавил Марадиага, кој продолжил: „За мене би била трагедија ако улогата на свештеник се сведе на полицаец. Не смееме да заборавиме дека сме свештеници, а не агенти на ЦИА или ФБИ”.

Пред смртта

На оставка беше принуден откако во јавноста се појави документ докторот Антонио Гвидо Џенаро Бертолами од Месина (Фитипалди со цел респект го нарекува „доктор Б”), лекар на многу припадници на месинскиот клер, во кој тој тврди дека со години бил љубовник на надбискупот и дека надбискупот редовно доаѓал навечер кај него.

Тогаш, тоа е логично поврзано со фактот дека Бертолами, исклучително богат (од богати родители и богато наградуван за лечење на богати пациенти) му оставил токму на надбискупот задача на извршител на тестаментот: продажба на сребреници, обврзници, акции и делба на три дела во согласност со желбите на мајката на покојниот на „Лекари без граници“, сестрите на милосрдието на мајка Тереза и кармелитански мисионери.

Се работело за сума од шест милиони евра.

Јутарњи лист – Загреб

Слични содржини