ВЛЕН веќе слави со зурли и тапани

од Nikola Popovski

Зурли и тапани пред изборниот штаб на ВЛЕН на плоштадот Скендербег во Скопје, а може да се забележат и факли. Симпатизерите и членовите на здружената албанска опозиција веќе слават, иако според досегашните резултати на ДИК, ВЛЕН во моментов е четврта политичка партија по бројот на гласови, а втора во албанскиот блок.

Се извикуваат слоганите „Победа, победа“, но и се дава поддршка за Изет Меџити од Демократското движење.

Пред штабот на ВЛЕН се поставени заштитни баридаки и се забележува присуството на полиција.

Првичните резултати од денешните парламентарни избори што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница, покажуваат дека од обработени 40,70 отсто од избирачките места, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 118.498 гласови (35,70%), Европски фронт на ДУИ 67.959 (20,48%), Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 57.648 (17,37%), а Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 40.281 гласа (12,14%).

Левица има 19.036 (5,74%), Движење ЗНАМ – За наша Македонија 13.886 (4,18%). Останатите партии и коалиции кои учествуваа на изборите имаа под еден процент гласови.

Слични содржини