Двајца малолетници силувале малолетничка, третиот снимал

од Milan1

Малолетници извршиле обљуба врз малолетничка, а трет снимал. Деветнаесет-годишник ја уценувал со видео материјалот, а случајот е пријавен во неготинската полиција.

Портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска информираше дека синоќа во 21:00 часот во ОВР Неготино, 41-годишна жена од неготинско село пријавила дека на почетокот на мај во Неготино, двајца малолетници од неготинско извршиле обљуба врз нејзината малолетна внука. Чинот го снимал трет малолетник од Неготино, по што К.П.(19) од неготинско ја уценувал со снимениот видео материјал.

-Во 23:30 часот, К.П. бил лишен од слобода и од него бил одземен мобилен телефон. Мобилни телефони биле одземени и од тројцата малолетници, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Ѓаковска.

Слични содржини