Политичките партии денеска постигнаа договор за спорните прашања за излез од политичката криза. Сто дена пред предвремените парламентарни избори ќе има влада, а ќе се суспендира новиот закон за министерството за внатрешни работи.

11787364_1479468552368251_635089416_n

Новиот министер за внатрешни работи ќе може да смени одреден број луѓе од раководни позиции.

Партиите ќе треба да се соберат на лидерска средба до 31 август за да се договорат за имплементација на договореното и да одредат дата за изборите.

Носењето на законот за внатрешни работи и надлежностите на министерот за внатрешни работи се одложува до 1 јануари 2017 .

Новиот министер за внатрешни ќе има право да донесе само 15 кадровски измени.

Артан Груби од ДУИ кажа дека е договорен и датумот за избори, 11 декември. Сепак за оваа одлука за денот на избори ке се решава на лидерската средба  на 31 Август.

 

Слични содржини