На граничните премини има зголемена фреквенција на возила, но нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. НАјмногу редици се прават на Границата со Грција поради продолжениот викенд

11758772_10153481144319932_707503404_n

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.      ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА:

Според информација од Министерството за транспорт и врски:

(1)        од 01.07.2015 година започнува со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Измената во временските интервали е следната: петок од 17.00 до 22.00 часот, сабота од 09.00 до 18.00 часот и недела од 09.00 до 22.00 часот. Оваа забрана се однесува за период од 01.07.  до 31.08. секоја тековна година.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток од 11.00 до 17.00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Предлогот за измена во термините е во насока на подобрување на комуникацијата и зголемување на безбедноста на сообраќајот.

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА:

(2)        од 01.07.2015 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на  магистрален пат А2 делница: Скопје-Охрид-Скопје, со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони.

Во однос на ограничувањето од минатите години има измена во временските интервали со цел овозможување на движење на тешките товарни возила во малку поширока временска рамка, со што би се создале услови за неоптовареност на сообраќајните токови на горенаведената патна делница.

Забраната важи за време на викендите и тоа петок од 15.00 до 22.00 часот, сабота од 07.00 до 12.00 и од 18.00 до 24.00 часот и недела од 07.00 до 22.00 часот.  Оваа забрана се однесува за период од 01.07. до 01.09. секоја тековна година.

Предлогот за измена во термините е во насока на подобрување на комуникацијата и зголемување на безбедноста на сообраќајот.

 НАЈАВА ЗА ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ НА 20.07.2015 (понеделник): Поради изведување работи на пат (минирање) на патниот правец А2 Охрид-Кичево помеѓу планински превој Пресека и с.Врбјани на 20.07.2015 (понеделник) во периодот од 11:00ч. до 13:00ч. ќе има прекин во сообраќајот во траење од 15 до 20 минути.

 ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

 

 

Слични содржини