Со традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер“ што ќе се одржи од денеска до 27 септември и симболично откинување јаболко официјално почнува годинашната берба на Преспанското јаболко.

јаболка

На тридневната манифестација ќе бидат понудени голом број содржини од културно – забавен карактер со настап на балкански и домашни фолклорни друштва, детски музички хепенинг, фолк ѕвезди од македонската естрада, спортски активности.

Централната манифестација ќе биде в недела на големиот христијански празник Крстовден, кога симболично ќе биде отсечено првото јаболко и ќе почне бербата на над 100.000 тони преспанско јаболко.

Слични содржини