139
Покрај Mитко Чавков кој утрово беше уапсен, приведени се уште 15 -тина, меѓу кои пратеници и граѓани кои се најдоа на 27 април во Собранието.
Покрај Чавков, приведени се и други лица, меѓу кои, и пратениците Крсто Муковски и Жаклина Пешевски, актерот Владо Јовановски, Горан Ангелов – Ќосето од Велес, поранешниот директор на ФЗОМ Саше Василевски.
Сите се обвинети за настаните од крвавиот четврток
Се очекува утрово Чавков да биде донесен во Кривичниот суд пред судија за претходна постапка.