Денеска попладне Катица Јанева ќе даде свечена заклетва пред Советот на јавни обвинители  и со тоа ќе стане официјално првиот специјален обвинител во земјава.

katica_janeva_1

Претседателот Ѓорге Иванов синоќа го потпиша указот на Законот за специјалниот обвинител, откако текстот на законот му беше испратен по авион во Подгорица, Црна Гора, каде тој е во дводневна посета.

Советот на Jавни Обвинителите доцна синоќа едногласно ја избра Јанева за прв специјален Обвинител на Република Македонија.

Тие гласаа по предлогна Собранието кое ја ја утврди нејзината кандидатура врз основа на предлогот на четирите најголеми партии кои вчера утрото постигнаа договор.

Претходно, Собранието со 111 гласа „за“ го изгласа Предлог Законот за јавно обвинителство, во кој се предвидува специјален обвинител да ги гони кривичните дела кои се поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Слични содржини