Претпладне во поголемиот дел од земјава преовладуваше сончево време со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Од пладневните часови од запад започна да се проширува облачност и ветерот постепено засилуваше. Попладне првите грмежи се јавија во Гевгелија, а потоа и во Скопско, како и во централните делови од земјата. Поголема нестабилност имаше во Скопје околу 17 часот и беше проследена со поројни врнежи и посилни електрични празнења.

vrne-1

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТУмерено до значително облачно, наместа нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Повремено ќе дува и засилен ветер претежно од југоисток. Врнежите и нестабилноста повремено ќе се јавуваат и преку ноќта.

ВРEМEТО УТРЕПретпладне променливо облачно со локален дожд, попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено на исток. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а дневната од 19 до 25 степени. УВ=5.

 СКОПЈЕ УТРЕ: Претпладне променливо облачно со повремен дожд. Попладне облачно со умерен до повремен пороен дожд. Ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе биде околу 15, а дневната ќе достигне до 24 степени.

 ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИИ утре ќе биде облачно време со умерен до повремено пороен дожд особено попладне. Услови за нестабилност ќе има во источните делови од земјата. Ќе дува умерен до повремено засилен претежно југоисточен ветер. Потоа следува период променливо облачно време, утрата ќе бидат свежи, а дневните температури ќе бидат во интервал од 18 до 26 степени.

 

Слични содржини