146
Фиона Мекилвам, Директор за Западен Балкан и проширување во Британското министерство за надворешни работи и Комонвелт, ќе престојува во посета на Македонија на 14-15 септември.
Посетата е во рамки на редовната билатерална соработка помеѓу Македонија и Обединетото Кралство.
За време на нејзиниот престој г-ѓа Мекилвам ќе се сретне со претставници на владеачките и опозициските партии, аналитичари и граѓанскиот сектор.