126
Познато е името на еден од терористите,кој учествувал во нападите во Париз, соопшти Си Ен Ен.
Станува збор за 29-годишниот француски државјанин Исмаил Омар Мостефаи.
Француските власти проверуваат дали тој имал патувано во Сирија во 2014 година. За Исмаил се знае дека имал криминално досие, осудуван е, но никогаш не бил во затвор.
Според полицијата, тој бил на листа на потенцијално опасни криминалци, но не и во листа со радикалми исламисти.
Неговиот брат и татко му веќе се приведени. Братот на Исмаил тврди дека не разговарал со него во последните неколку години.
Обвинителите соопштија дека е откриен пасош на уште еден од терористите,25-годишен Сириец, кој на 3 октомври влегол во Европа преку Грција.