Пресврт, се самопријавија други убијци на младиот Леарт Адеми

од desk3
223 прегледи

policija-mak

Весникот Коха повикувајќи се на полициски извори објави дека двајца жители на Чаир од кои едниот малолетен сами се пријавиле дека со нож го нападнале 19-годишниот Леарт Адеми на 3-ти јануари. Адеми веднаш по донесувањето во градската болница им подлегна на трите убодни рани во срце и во стомак. Полицијата и обвинителството првично за убиството го сомничеа 19-годишниот Ардит Аме и му поднесоа кривична пријава за тешки телесни повреди со смртни последици.

Се намалува приливот -Изминатите 24 часа издадени 830 потврди за барање азил

Според Коха двајцата се предале на полицијата и потврдиле дека се напаѓачи на убиениот Адеми и неговиот другар. Двајцата биле нападнати на улица Ресенска (во близина на ресторанот Бизнис и градинката во Чаир) вечерта на трети јануари.

Нападнатиот другар на убиениот тврдел дека напаѓачот е член на навивачката група Шверцери и во станица извршил препознавање на приведениот Ардит Аме. Тој и неговите блиски тврделе дека Аме нема никаква врска со смртта на врсникот Адеми.

Слични содржини