Политичките партии денеска, на деветтиот ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори, ќе ги претстават своите програми на средби со граѓани и на митинзи низ Македонија.охрид-пред-избори-2014-1

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе одржат митинзи во Гостивар и во Тетово.

СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе одржат митинзи во Македонска Каменица и во Делчево.

Kоалицијата за промени и правда ќе има средби со граѓаните на Пржино, Црниче и Кисела Вода.

Коалицијата „ВМРО за Македонија“ ќе има средби со граѓани во Тетово и Гостивар и ќе одржи трибина во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Кичево. 

Демократската партија на Албанците (ДПА) ќе одржи митинг во Боговиње. 

Алијансата за Албанците ќе одржи митинг во Теарце и во Бутел

Слични содржини