Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен претежно југоисточен ветер.

kokicinja500
Утринската температура ќе се движи од еден до шест, а дневната од девет до 14 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југоисточен ветер.Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до 12 степени.

Од среда ќе преовладува променливо облачно време и врнежливо. Пообилни врнежи ќе има во среда претежно во западните делови од земјата, а во петок врнежите ќе бидат пообилни на повеќе места низ Републиката. До четврток ќе дува умерен повремено засилен југоисточен ветер, а од петок ветерот ќе биде северен.

Слични содржини