Дваесет и петгодишното момче Тони Карачоски од Прилеп што избега од Психијатриската болница во Демир Хисар пред десет дена, утрово е пронајден мртов кај селото Вардино, Демирхисарско. Околу 10:30 часот, жител на селото пријавил во битолската полиција дека безживотно тело на младо момче лежи во близина на црквичката Света Петка, кое се наоѓа на два километри од Вардино.

demir

По извршениот увид на лице место, по налог на обвинител телото на Карачоски е предадено на обдукција во битолската Клиничка болница. Телото е дадено на обдукција, а органите на прогонот да ги утврдат околностите под кои настанала смртта на 25-годишното момче.

„Бараме оставка и одговорност за директорката на болницата за душевни болести во Демир Хисар. Од таму не смеел да дозволат да избега, а случајот наместо на денот на исчезнувањето во полиција е пријавен три дена подоцна, откога директорката с е вратила од прослава на 8-ми март. Тогаш и започна истрагата на полицијата, кога почнаа да го бараат Тони“ изјавија од семејстсвото на починатото момче.

Слични содржини