Со бес и гадење ја дочекваме веста за приведувањето на др. Здравко Савески кој е дел од президиумот на Левица (и обидот за приведување на други лица од раководните органи на партијата), поради нивното активно учество во протестите во изминативе 2 недели. Да потсетиме, изминатиов период се заплашуваат и повикуваат на распит повеќе луѓе кои протестираат! Додека корумпираните владејачи се аболицираат, диктатурата удира по оние кои се одважиле да го кренат својот глас!

13029560_1765544883664533_1052009473564686901_o

Очигледно е дека режимот паѓа, а се обидува со себе да ги повлече сите останати! Здравко е наш другар од улиците, кој играл важна улога во сите поважни социјални протести од 2008 па наваму! Вечер ќе бидеме на улиците низ Македонија и ќе протестираме и против селективното спроведување на правдата, против заплашувањето на активистите, и за Македонија без политички затвореници!

Денес, пред Здравко да замине на распит во станица, го напиша следново:

„Соборци и соборки за слобода, БЛИСКУ Е ПОБЕДАТА! Го раздрмавме режимот! Но, не смееме да потклекнеме! Борбата не е завршена! Мора да излегуваме масовно на протести. Да се види колкаво е незадоволството од режимот. А не само да се претпоставува. СЛОБОДАТА е скапа. И мора да ја заслужиме! Секој ден во 6!“

Здравко, издржи! Доаѓаме по слободата! Нема правда, нема мир!
Интегарлен текст

Слични содржини