vesti

Додека меѓународните преставници и два дена по најновиот договор се уште го поздравуваат договореното од политичките претставници, реализацијата запна уште на првиот тест, информира 24Вести.

Пакетот на закони или само изборниот законик во делот за списокот, беше првата сопка на партиите. Според собраниски извори, власта инсистира да се гласа денеска цел пакет – со закон за влада, но и со медиумските реформи во изборниот законик, опозицијата не се согласувала повикувајќи се на роковите и договореното.

Според информациите, договор попладнево бил постигнат – денеска да помине само избирачкиот список, додека останатите од понеделник да почнат да се усогласуваат. Но, не запна само дневниот ред на денешната седница, не помалку забелешки и несогласувања и околу содржината на изборниот законик.

Од СДСМ велат дека драфт верзијата стигнала до нив на полноќ, а според нив, сите членови во законот не биле како што било во договор. Од опозицијата велат дека посебниот список на кој треба да се преселат иселениците не смее да има ѕвездичка, потоа тврдат дека во предлогот што го добиле во јавниот увид стоело дека е можно и електронско пријавување, што тврдат дека не е дел од договорот, туку дека електронска пријава може само на јавниот повик.

Целиот текст може да се прочита тука

Слични содржини