Рускиот претседател Владимир Путин смета дека е важно да се спречи отуѓувањето меѓу Русија и Германија, пренесоа агенциите.20151003.qfxxjyjedn

Според прес-службата на Кремљ, претседателот го кажал тоа во поздравна телеграма до претседателот на Германија Јоаким Гаук и канцеларката Ангела Меркел по повод националниот празник – Денот на германското единство.

“Во сегашната комплексна меѓународна средина е важно да се избегне меѓусебното отуѓување и да се задржи позитивниот потенцијал за соработка стекната во текот на годините “, пишува Путин.”

Пред четврт век обединувањето на Германија го одбележа крајот на Студената војна во Европа и отвори ново поглавје во историјата на односите меѓу нашите земји “, вели претседателот. Тој го пофали развојот на руско -германските односи, кои во периодот по обединувањето на Германија го достигнаа нивото на стратешко партнерство.

Слични содржини