ДИК ја соопшти излезноста на изборите до 15 часот

од Nikola Popovski

Излезноста на парламентарните избори до 15 часот според обработените податоци од 93.99% избирачките места е 36.75%. Според податоците од Државната изборна комисија, до 15 часот излезноста на претседателските избори е 32,16 отсто.

Како што е објавено на сајтот на Државната изборна комисија (ДИК), од 88.97 отсто обработени избирачки места вкупно за избор на претседател на државата гласале 519.203 граѓани од вкупно 1.814.317 запишани во Избирачкиот список.

На парламентарните избори гласале 612.493 граѓани.

Во меѓувреме, излезноста на претседателските избори до 15 часот, според обработени 93.1% од избирачките места, во споредба со парламентарните избори е помала за 4.77%, односно таа изнесува 31.98%. Најголема излезност има во Крива Паланка – 58.29%, а најмала во Липково – 5.14%.

Одѕивот на претседателските избори до 13 часот беше 22,79 отсто, а на парламентарните 25,77 отсто. За претседателските избори со право на глас се милион 814 илјади 317 граѓани, а за парламентарните, во Избирачкиот список се запишани илјада и 35 гласачи повеќе. Државната изборна комисија го следи текот на гласањето до затворање на избирачките места, а вечерва во 23.30 часот ќе ги објавите првите неофицијални резултати.

Слични содржини