Претставници на партиите потписнички на Пржинскиот договор кои се согласија со најновите измени на законите со последниот анекс на Пржинскиот договор во делот на медиумите, ингеренциите и мандатот на опизициските министри  во преодната влада, како и законот за МВР утре на средба да ги усогласат законите кои во наредниот период треба  да поминат во Собранието.

Przino

Утрешната средба е како компромис по инсистирањето на власта во петокот да поминат сите закони договорени на 20-ти јули и ставот на опозицијата да не се усогласуваат  во последен момент и на брзање особено медиумските закони затоа што се најчувствителни. Но и по обвинувањата на опозиционерите дека власта во последен момент го составила Изборниот законик не како што било договорено со меѓународната заедница. Од друга страна ДИК почна со работа околу последните измени за спорните гласачи. Оттаму велат дека Државната комисија ќе подготви упатства, формулар за пријавување и ќе објави јавен повик на својата страница, како и на страниците на дипломатско-конзуларните претставништва, за да може да прочитаат и оние македонски државјани кои живеат во странство. До вторник ќе бидат објавени и имињата на спорните гласачи.

Извор: 24вести

Слични содржини