Серхио Рамос нема да настапи на натпреварите против Еспањол и против Гетафе.

 

real madrid

Централниот бек на Реал Мадрид, ја обновил повредата на мускулот и по сугестија на лекарите решил да не ризикува и да ги прескокне последни два меча на Реал во шпанското првенство. Со тоа актуелниот шампион на Европа, Реал Мадрид до крајот на сезоната покрај тоа што нема да биде предводен од Анчелоти кој е суспендиран на два меча ќе игра и без првотимецот Рамос. Реал Мадрид оваа година најверојано нема да освои титулата во ниту една конкуренција, по елиминацијата во Купот на кралот и елиминацијата од Јувентус во полуфиналето од Лигата на шампионите, „Кралевите“ се на минус четири бода во одност на Барселона во Примера. Во Шпанија денеска на големо се пишува за евентуалното заминување на Карло Анчелоти од клупата на Реал како и најавените трансфери на Бејл, Иско, Кедира и на Варан надвор од Мадрид.

Слични содржини