Потпретседателката на СДСМ и министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски, придружувана од Максим Димитриевски, претседател на Комисијата за одбрана на СДСМ, денеска остварија средби со жителите од Шуто Оризари.

frosina-3

– Граѓаните се пожалија на исклучиво тешкиот живот и проблемите што ги имаат за добивање на социјална помош. Власта ни го зама лебот, и она малку што го добивавме преку социјалната помош, ни го ускратуваат. Во центрите за социјална помош, имаше примери каде со нас се однесуваа нечовечки“, соопштуваат од СДСМ.

Ременски  им соопшти дека во Министерството за труд и социјална политика се правеле бројни злоупотреби.

frosina-1

–  Социјална помош добивале луѓе блиски до Груевски и фамилијата, а оние луѓе кои се социјално загрозени, им бараат мал приход за да можат да им ги земат парите кои ги добиваат од социјалната помош. Затоа интервениравме, да ги заштитиме оние на коишто социјалната помош им е најпотребна.По промената на власта, СДСМ ќе ја зголеми социјалната помош, рече Ременски.

Не може да се потрошат 630 милиони евра за споменици а граѓаните да живеат во сиромаштија, без основни услови за нормален, пристоен живот, додаде Ременски.

Кога се избори доаѓаат, и не заплашуваат да гласаме за ВМРО ДПМНЕ. Бараме подобар живот, за младите нема работа, и лебот го бараат надвор од државата, рече еден од граѓаните на Шуто Оризари. Овде, во Шутка изборните манипулации се најзастапени, тоа не смее повеќе да се случува, се пожали жител на Шуто Оризари.

Слични содржини