Двете најголеми политички партии се задоволни од договорот постигнат вчера и од изборот на специјалниот јавен обвинител, велат извори од партиите.
Од СДСМ информираат дека се особено задоволни затоа што барале обвинител, а добиле обвинителство, но очекуваат опструкции во дејствувањето и во процедурите.
Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека се задовлни што конечно ова ќе влезе во формална рамка и ќе се прекинат сите шпекулации и лаги што се ширеле во изминативе неколку месеци.
Предлогот за обвинител денеска треба да се изгласа во Собрание, а вечер да го избере Советот за јавни обвинители. Според проценките, новото обвинителство би требало да почне да функционира за десетина дена.
Специјалната обвинителка ќе има рок од 18 месеци од превземањето на предметите да поднесе обвинение.
Предметите кои се веќе внесени во обвинителство ќе бидат преземени од новиот обвинител. Како што информираат од партиите, на координација е договорено на пленарната седница да има по еден говорник од сите политички групи.