Се вжештува атмосферата во Собранието. Поради дигање на тензијата и меѓусебни навреди таа  само што почна беше прекината на  15 минути, колку за смирување на тензијата. 

СДСМ преку пратеникот Оливер Спасовски со поддршка од 10 пратеници според деловникот,  бара да се премине на следната точка избор на претседател, бидејќи претходната точка се блокира преку дебатата на ВМРО ДПМНЕ, која на листата има 42 пратеници со барање  на збор и бескрајни  реплики и контрареплики, вклучително и процедурални забелешки. НА тој начин оваа дебата за избор на комисија за избор и именување би траела најмалку  до Септември.

Спасовки рецизираше дека според деловникот Вељановски мора да  премине на следната точка кога има вакво барање од 10 пратеници, а таа дебата може да ја продолжи натаму, но сега овој предлог мора да го стави веднаш на гласање пред пратениците, а не тој правно да толкува бидејќи од него не се бара тоа како претседавач.

Илија Димовски, потврди дека тоа е легитимно , ама да не се запоставува и оваа точка и да се отфрла бидејки тоа е политичка насилство и  е против ваквото барање на СДСМ да се прескокне оваа дебата.

Пратеникот на ДУИ Џевад Адеми се согласи да се скокне оваа точка и да се оди на избор на претседател на Собраниеот, и инсистира да се почитува делвникот, бидејќи ова е деловничко барање од пратеници и да се стави предлогот на гласање.

Трајко Вељановски одбива да прејде на таа точка и во салата настанаа извици и навреди на што Трајко возврати дека тие се пучисти , прости и невоспитани и ја прекина седницата на 15 минути за да се смират страсите.

Слични содржини