Денеска е последниот рок кој кој белгискиот посредник Питер Ван Хауте го постави како краен датум за враќање на преговорите за реализација на договореното од Пржино. Партискиот портпарол на СДСМ -Петре Шилегов, вчера изјави дека сметаат дека договорот е вон сила. Ако до денеска не се реализира договореното од Пржино, останува опозициската партија да го прогласи за ништовен, а тоа треба да го потврди и меѓународната заедница која е гарант на договорот.

boom-word-round-bomb-explosion-warning-danger-black-wick-flame-you-impending-42198494

Вчера Ван хауте имаше средба со преговарачите на ВМРО-ДПМНЕ, но нема детали од разговорите. Извори од опозициската СДСМ велат дека досега Ванхауте не ги повикал на средба.
Според дипломатски извори Европската комисија го чека исходот од реализацијата на договореното по што треба да го затвори извештајот за напредокот на земјава.

Груевски, најверојатно за да ја подготви нацијата за негативниот извшетај, изјави дека евентуалното губење на препораката народот нема да го доживее трагично бидејќи таа би била бесмислена ако нема почеток на преговори.

Дополнителен факт што укажува на тоа дека договор нема да има е тоа што Груевски замина во посета на Обединетите Арапски Емирати и нема кој да пресече во ВМРО-ДПМНЕ за евентуален договор.

527613633

Лидерот на опозицијата Зоран Заев пак, вчера преку својот ФБ профил ја упати индиректна пораката дека доколку власта не се држи до договореното продолжуваат детонациите на “бомбите”. Тој на ФБ го напиша она што го пишуваше пред секоја објава на нова бомба “тик-так, тик-так, тик-так ”
Партиски извори велат дека како последна шанса се бара постигнување брз договор на лидерите на политичките партии, но и ова останува неизвесно поради тоа што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски викендов замина за Обединетите Арапски Емирати.

Инаку деновиве партиските штабови преку прес-конференции не престанаа да се обвинуваат меѓусебно за пропаѓањето на преговорите и лошата препорака на ЕК.

Опозиционерите обвинуваат дека власта го прекршила договорот од моментот кога не беше комплетиран составот на специјалниот јавен обвинител. ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека СДСМ излегува со нови барања и дека треба договорот да се почитува онака како што е потпишан.

Слични содржини